Иновација од Србија: Ефикасна и брза сушилница за овошје и зеленчук

39

agro integral susilnica

Српската компанија Агро Интеграл го претстави прототипот на иновативната сушилница за овошје, зеленчук и билки за подготовка на зачини, пишува Екапија.

Иновативната сушилница им овозможува на малите земјоделски производители своите производи да ги исушат на брз и ефикасен начин, додека единствениот бизнис модел што подразбира дисперзивно производство и здружување на финалниот производ обезбедува едноставен и брз пласман.

“Основната компаративната предност на сушилницата е проточноста, што значи дека сушењето во нашата сушилница овозможува целосно автоматизиран процес, како и интегрирање на стандардите за квалитет, што кај процесот на подготовка и сушење на овошјето е многу важно. Исто така, нашата сушилница е повеќенаменска, со различни режими на работа за да може да суши различен вид на овошје, зеленчук и билки за зачин. Сушилницата е многу флексибилна во поглед на изворот на енергија за сушење, имајќи во предвид дека за нејзината работа е потребна топла вода“, вели Владан Пантовиќ, идеен творец на иновативната сушилница.

Моделот на работа на Агро Интеграл, покрај продажба на сушилницата, предвидува и здружување на ресурсите на компаниите и малите земјоделски производители со цел обострано економско зајакнување.