Српската асоцијација на менаџери (САМ) по трет пат доделуваше награди за најуспешните оваа година, а главната награда Менаџер на годината ја доби директорот на белградскиот хотел Crowne Plaza, Живорад Васиќ, јавува Танјуг.
За работодавач на годината е прогласена компанијата Фиат автомобили Србија, а во категоријата општествено одговорна компанија, наградата ја доби нафтената компанија НИС.
Доделени се десет награди и една специјална награда, признание за личен хуман чин.
Според претседателот на САМ Милан Петровиќ, наградите имаат за цел унапредување на професијата менаџер и подигање на вредните луѓе кои управуваат со бизнисот.
Фото: Танјуг