Вкупниот прилив по основ на дознаки (лични трансфери), во периодот од јануари до мај оваа година, изнесува 1.332.100.000 евра, што е раст од 26,8% во однос на истиот период во 2020 година.
“Во однос на првите пет месеци од 2019 година, приливот на дознаки во истиот период во 2021-ва година е помал за 3,4%, така што може да очекуваме наскоро да се врати на предпандемиското ниво. Тоа е во рамки на економското закрепнување во земјите во коишто работат најголем дел од луѓето од земјата“, велат од Народна банка на Србија за Biznis.rs.
Падот на бруто домашниот производ во земјите од каде што се испраќаат дознаките, поради пандемијата, влијаел на намалување на расположливите средства кои луѓето ги испраќале во матичните земји. Дополнително, самите мерки за ограничено движење го отежнуваа преносот на дел од дознаките коишто не се трансферираат преку официјални канали (дел од дознаките што дијаспората ги носи во готовина).
Намалениот прилив на дознаки е забележан скоро во сите земји, а најголем пад има кај традиционално најголемите испраќачи: Германија, Швајцарија, Италија, Франција и Австрија.
Во текот на 2020 година повеќе од 70% од приливите од дознаки доаѓаат од официјални канали, а овој тренд во Србија продолжил и во првите пет месеци од оваа година со 76%.
Фото: Pixabay