Српската и словенечката берза стануваат дел од СЕЕ Линк

20

see-link

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е домаќин на Инвестициониот самит на земјите од западен Балкан, што се одржува денеска во Лондон.

Српската и словенечката берза, на овој самит, ќе го потврдат нивното учество во иницијативата СЕЕ Линк, со што се прави чекор напред во интеграција на пазарот на капитал на регионално ниво.

СЕЕ Линк е заедничко друштво со седиште во Скопје основано во мај 2014 година од страна на Бугарската, Македонската и Загрепската берза.

Главната цел на СЕЕ Линк е креирање на регионална инфраструктура за тргување со хартии од вредност котирани на пазарите на берзите што се членки.