Српската влада го поздрави укинувањето на мерката за пченицата

43

Одлуката за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица и брашно од македонска страна, беше топло поздравена од српската Влада.

Министерот за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации Расим Љајиќ изјави дека Србија очекува од Македонија во иднина да не спроведува слични мерки, бидејќи тоа е од интерес за двете држави.

“Ако ги искористиме сите потенцијали, трговската размена меѓу двете земји може да достигне една милијарда евра наспроти сегашните 600 милиони”, рече Љајиќ.

По оценката дека пазарот е стабилизиран и дека се надминати сите предизвици за какви било нарушувања, надлежните донесоа одлука за укинување на мерката на 2 септември, а за брашно во првата половина на идниот месец.