Српски Agremo доби 600.000 долари од SC Ventures и StartLabs

25

Српската компанија Agremo, којашто стои за платформата што користи модерна технологија за да обезбеди далечинско следење и анализа на земјоделски добра, доби инвестиција во висина од 600.000 долари. Главен инвеститор, како што пренесува Startit, е South Central Ventures, како и StartLabs.

Целта на инвестицијата е на Agremo да му се овозможи да го развива сопствениот тим и база на клиенти во различни региони ширум светот.

Agremo претставува софтверска платформа за земјоделски производители. Компанијата користи дронови за да се добие слика од воздух што се анализира. Со користење на вештачка интелигенција, машинско учење и компјутерски вид (computer vision) и се создава таканаречен “мозок“ што помага за полесно управување со посевите.

Зад Agremo стојат Милан Доброта, Растко Чарапиќ и Небојша Павичиќ, тим што има познавање од областа на земјоделието.