Германската компанија Eyemaxx Real Estate, што се занимава со недвижнини, во последните години не е привлечна за инвеститори, но сега како спасувач се појавува српски милијардер, пишуваат германските медиуми.
“Додека некои претприемачи, како потврда на својот успех прикажуваат јахти или авиони, Мајк Милер, шеф на компанијата за недвижнини Eyemaxx Real Estate, претставува дворец во близина на Виена. Станува збор за дворец, којшто некогаш бил во сопственост на војводата Карло, победник во битка против Наполеон, пренесува весникот WirtschaftsWoche.
Купувањето на такви објекти и нивна реставрација е “забава што Милер ќе го чини неколку милиони евра. Милер, според германскиот весник, со такви “комплицирани работи“ се занимава веќе долго време, за што редовно добивал пари од инвеститори.
“Под името Eyemaxx Real Estate 2011 година ја изнел својата компанија и на берза. Тој извршува големи работи поврзани со недвижнини, според него, во обем од околу 1,4 милијарди евра.
“Но, иако пазарот на недвижнини цвета, Eyemaxx Real Estate не беше привлечен за инвеститори. Така во рок од четири години акциите на компаниите поевтиниле за 80%. Но, сега се појави нов и сомнителен инвеститор Богољуб Кариќ, кој порано го барал Интерпол поради перење пари, има сопственост од 4,2% од Eyemaxx“, пишува весникот.
Според нивното пишување, 67-годишниот политичар, милијардер и претприемач важел за еден од најважните донатори на поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ, а краток временски период бил и министер во неговата влада.
Весникот констатира дека без оглед на тоа што во големите градови во Германија има побарувачка за станови, “изградбата на нови недвижнини е неблагодарна работа“.
Фото: Pexels