Српски претприемач ги почести вработените со патување во Виена, Прага и Дрезден

33

ekskurzija

Милан Бркин, сопственик на компанијата Металотехника од Кикинда, Србија, организираше патување за своите 11 вработени во Виена, Прага и Дрезден, пишува Вечерње новости.

“Работиме напорно во халите, а работата воопшто не е лесна. Имам екипа со којашто можам да се гордеам. Затоа, настојувам секој месец соодветно да ги наградам. Сите се совесни и одговорни луѓе, вистински професионалци. Тоа е и основната причина поради којашто одлучив, барем на кратко, да им овозможам малку одмор“, вели Бркин.

Тој заедно со неговите вработени ги посети знаменитостите на овие средноевропски метрополи и ги разгледаа нивните прекрасни градби.

Компанијата Металотехника, на чие чело е Бркин, постои од 1998 година.