Српски старт – ап развива платформа за учење во виртуелна реалност

144

Propter е името на српскиот старт – ап што развива платформа за креирање содржини во виртуелна реалност којашто ќе може да ја користат и наставници и ученици, пишува Екапија.

Овој старт – ап меѓу 11-те од девет земји во светот што користат технологија за решавање на дигиталните предизвици со коишто се соочуваат децата. Нивниот фокус е ставен на решенија коишто ќе помогнат да се унапредат можностите за учење или дигитално поврзување, а коишто ќе влијаат на подобра вработеност.

Propter е компанија од српскиот град Вршац, кој соработува со гејмери и технолошки ентузијасти за развој на платформата ScioXR, којашто овозможува едноставно креирање на содржина за да доживеат учениците поинакво искуство додека учат.

Платформата е наменета за наставници и ученици. Наставниците ќе може да користат софтвер за да направат нови содржини во склад со наставните програми коишто учениците ќе може да ги користат во текот на наставата. Од друга страна, учениците ќе стекнат нови искуства, додека ги испробуваат содржините што ги подготвиле нивните наставници, а ќе можат и сами да создаваат содржини.

Планирано овој производ да се користи како дополнителен едукативен материја што ќе им помогне на учениците полесно да ги совладуваат лекциите.

Фото: Freepik