Српски Tigar ќе призведува специјални обувки за финската армија

194

Фото: Tigar

Српската компанија Tigar од Пирот ќе произведува гумени чизми, специјално наменети за финската армија, информираат од компанијата, а пренесува SeeBiz.

Како што се наведува во соопштението, во следните две години за потребите на финската армија ќе се произведат 15.000 пара специјални летни и зимски чизми, во вкупна вредност од 660.000 евра. Се очекува во 2019 година истите чизми од брендот Каира да се произведуваат и за шведската армија, а вредноста на договорот би била околу 220.000 евра.

Овие специјални обувки/чизми се изработуваат рачно и се по сите светски стандарди и согласно нормите на ЕУ, САД и Русија. Отпорни се на хемиски агенси и озон и на висока температура.

Заради посебните барања, фабриката во Пирот вработува преку 600 работници, експерти и технолози, а досега имаат изработувано слични специјални обувки за пожарникарите во Хонг Конг, работниците на нафтените платформи во Канада, како и за ловците ширум Европа.

Но, во Пирот се произведуваат и гумени чизми за секојдневна употреба и тоа за реномирани светски брендови, а се пласираат на пазарите во Франција, Данска, Шведска, Италија, Велика Британија итн.

Засега Tigar има договорено испорака за заштитната програма за реномирани брендови како Madirom, IJH и Berner Nokian, а планираната реализација може да оди и со вредност над 12 милиони евра.