Српски трговски дом наскоро ќе се отвора во Москва

26

moskva

Во Москва на почетокот на годината ќе биде отворен таканаречен Српски трговски дом, кој на едно место, во форма на малопродажен објект, ќе ги собере сите српски прехранбени производи присутни на рускиот пазар, информираат од Стопанската комора на Белград.

Овој проект заеднички ќе го реализираат Стопанската комора на Србија, министерствата за економија и земјоделство и стотина српски претприемачи и бизнисмени, кои ќе можат да се пријават на јавен конкурс, што наскоро ќе биде распишан.

За рускиот пазар, според претставникот на Стопанската комора на Србија Свето Васиљевиќ, најважно е да се понуди квалитет, а не огромни количини на производи. Меѓу производите што се автентични за Србија, а за кои би имало интерес на рускиот пазар се вино и ракија, како и мебел, текстил и стока за широка потрошувачка.

За просечниот руски потрошувач многу е важна цената, затоа и српските производи мора да бидат конкурентни.