Српскиот бизнисмен Милан Беко тешко ранет пред својот дом

31

beko

Српскиот бизнисмен Милан Беко вчера попладне тешко е ранет со огнено оружје пред својот дом на Сењак, Белград. Опериран е и повредите се опасни по живот. Напаѓачот е во бегство, но според српските медиуми, оставил докази зад себе.

Беко е нападнат пред својот дом кога се враќал од работа. Во моментот кога излегол од автомобилот, напаѓачот неколку пати пукал во него.

Милан Беко се споменуваше како кандидат за директор на Железница Србија. Во 2000-те директно или непосредно учествуваше во неколку големи приватизации – купување на најголемите српски млекарници, Књаз Милош, како и во приватизацијата на Вечерње новости и Ц маркет.