Српскиот “крал на шеќерот” сака да инвестира 100 милиони евра во Хрватска

23

Miodrag KosticЕден од најбогатите Срби, Миодраг Костиќ, сопственик на МК Група, сака да инвестира околу 100 милиони евра во Хрватска.

Доколку се реализира оваа негова желба, инвестицијата ќе биде повеќе од двојно поголема од вкупниот српски капитал внесен во Хрватска. Според некакви последни податоци, српските бизнисмени во Хрватска имаат вложено околу 40 милиони евра, додека вкупните хрватски инвестиции реализирани во Србија се преку 600 милиони евра.

Од Стопанската комора на Србија велат дека причините за слабата присутност на српски капитал во Хрватска се незавршените процеси на приватизација на српските фирми, бројни нецарински бариери, нелојалната конкуренција, наклонетоста на хрватските потрошувачи кон хрватските брендови, но и фактот дека банките во Србија не ги следеа доволно добро српските инвеститори во Хрватска, што е обратен случај во хрватскиот поход на српскиот пазар, пишува Слободна Далмација.