Српскиот министер за економија поднесе оставка

19

radulovicСрпскиот министер за економија, Саша Радуловиќ, во саботата поднесе оставка поради немање на политичка волја да се спроведат економските реформи во земјата, потврдија од Министерството за економија, јавуваат српските медиуми.

Радуловиќ претходно најави дека не сака да биде министер доколку српското собрание не го усвои Законот за труд и пакет законите за приватизација и стечај. Според српските медиуми, особено биле проблематични деловите кои предвидувале укинување на надзорните и управните одбори, но и оние кои оневозможуваат фирмите да се продаваат без тендери. Веста за оставката на министерот се совпадна со изјавата на потпретседателот на српската влада Александар Вучиќ за намерата на владејачката партија да се одржат предвремени избори.

Но, како што пишува Новости, и покрај најавената оставка, големи се шансите, барем формално, Радуловиќ да остане во министерската фотелја се додека не добие наследник.