Наскоро на првите купувачи ќе може да им се испорача првиот заеднички производ на српски Икарбус и германски Mercedes, новиот автобус кој неодамна и беше претставен на јавноста на Белградскиот саем.
“Во наредните денови очекуваме потпишување на значаен договор со домашна компанија, но не можам да ви ги соопштам деталите”, вели генералниот директор на Икарбус, Александар Виќентиќ за Новости.
Виќентиќ додава дека интересот од странство е голем, затоа што автобусот на себе има аблем Mercedes, а чини околу 135.000 евра. Купувачите од Хрватска и Романија имале дополнително барање во новиот автобус да се вгради мотор со euro 6 норма, која дури од следната година ќе биде задолжителна во земјите од ЕУ. Директорот не открива колку автобуси ќе бидат испорачани за Хрватска и Романија, пишува Новости.
По успешните преговори во 2013 година, Германците по 17 години се вратија во фабриката на Икарбус во Земун.