Рамномерниот регионален економски развој за подобро деловно опкружување ќе биде тема на разговор на денешната средба на Сојузот на стопански комори на Македонија и Советот за развој на Скопскиот плански регион, што ќе се одржи во општина Илинден.
Во рамки на средбата ќе биде потпишан Меморандум за соработка меѓу ССК и Советот за развој на Скопскиот плански регион, со кој се предвидува двете институции заеднички да работат на јакнење на принципот на jавно-приватно партнерство, да делуваат во насока на зајакнување на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница и бизнис секторот, како и да го стимулираат развојот на локално и регионално ниво.
Потпишувањето е дел од иницијативата на ССК, што започна да се спроведува од септември 2014 година, за зајакнување на членството од сите општини во Македонија, преку организирање на редовни средби со градоначалници и стопанственици, а во насока на подобрување на деловното опкружување преку рамномерен регионален развој.