ССМ и КСС се обединија

22

Се оствари идејата за која што подолго време заговараа Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати. Овие два синдикати постигнаа договор за здружување на синдикалното членство.

На средбата во ССМ низ конструктивна расправа двете организации ја прифатија идејата за синдикално здружување и се договорија за формирање работни групи кои ќе работат на изготвување на потребните документи за здружување, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија по средбата.