
Европските берзански индекси денес се претежно во пораст,, а вниманието на инвеститорите е насочено кон Франција откако претседателот Емануел Макрон објави дека ќе назначи нов премиер во рок од два дена.
Премиерот во заминување Себастијан Лекурни изјави дека мнозинството пратеници се против распуштањето на парламентот и дека верува дека буџетот ќе биде усвоен до крајот на годината.
Трговците ги анализираат и неодамнешните трговски случувања откако Европската унија објави планови за намалување на квотите без царина за увоз на челик и зголемување на царините за вишок увоз од 25 проценти на 50 проценти, зголемувајќи ги акциите на европските производители на челик, како што е „Тисенкруп“, објави Ројтерс.
Денес во 9:30 часот наутро, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,06 проценти на 24.638,12 поени, францускиот CAC 40 за 0,15 проценти на 8.072,27 поени, московскиот MOEX за 0,65 проценти на 2.579,19 поени, додека британскиот FTSE 100 падна за 0,35 проценти на 9.512,55 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones стагнираше на 46.601,78 поени пред денешното отворање, додека вредноста на индексот S&P 500 се зголеми за 0,58 проценти на 6.753,72 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 1,12 проценти на 23.043,38 поени.
Европските фјучерси за гас за ноември беа продадени на отворањето на берзата TTF по цена од 32.350 евра за мегават-час.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта се искачи на 62.577 долари, а цената на нафтата од типот Брент се искачи на 66.288 долари.
Цената на златото падна на 4.030,53 долари за унца, а цената на пченицата се искачи на 5,1098 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,16208 долари, што е за 0,07 проценти помалку отколку на почетокот на тргувањето.