Стаклени ќерамиди го користат сонцето за затоплување на домот

1030

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Потрагата по алтернативни извори на енергија е предизвик за компании од таа област. Соларните панели на покривите не изгледаат посебно убаво, па затоа компанијата SolTech Energy од Шведска најде ново и креативно решение.

stakleni keramidi

На пазарот лансираше единствен систем за затоплување на домовите што се состои од ќерамиди направени од обично стакло. Овие необични ќерамиди се поставуваат исто како глинените, а имаат приближно иста тежина.

keramidi od staklo

Под стаклените ќерамиди се поставува црно најлонско платно под кое се наоѓаат воздушните џебови. Платното ја апсорбира сончевата енергија и создава топлина што циркулира во затворен систем. Топлиот воздух може да се искористи не само за загревање на вода, туку и за греење на просториите. Сметките за струја ќе бидат значајно помали и во текот на зимскиот период, бидејќи системот работи и кога има помалку сонце.

keramidi staklo