Стаклените шишиња од Кока Кола заминаа во историјата

83

Слободно можеме да им кажеме збогум на малите стаклени шишиња Кока Кола. Имено, гигантот одлучи да престане да ги произведува препознатливите амбалажи на безалкохолниот пијалок со објаснение дека се веќе непотребни. Лименките и пластичните шишиња ги истиснаа од употреба стаклените шишенца по кои Кока Кола беше со децении препознатлива на светскиот пазар.

“Од 1915 до 1955 Кока Кола можеше единствено да се најде во стаклено шише”, изјави Филип Муни, главен активист и потпретседател на компанијата.

Последната Американска компанија која ги произведуваше овие шишиња, со седиште во Винона, Минесота, го прекина производството на стаклените амбалажи  на 09.10.2012. Последните 6.000 стаклени шишиња Кока Кола беа продадени онлајн по цена од 20 долари за шише.

Оригиналниот вкус на Кока Кола за прв пат беше произведен далечната 1886. Во 1915 беше произведено првото мало стаклено шише со својот препознатлив облик. Четириесет години подоцна компанијата ги лансираше во употреба стаклените шишиња од 10, 12 и 26оz. Алуминиумските лименки за прв пат се најдоа на пазарот во 1960.