Стан во Центар продаден за 280.000 евра, Аеродром најатрактивен за купување станови

Во периодот јули-септември најскапо продаден стан во земјава е стан од 91 квадратен метар во општина Центар што се продал за 280.000 евра, се дознава од Извештајот од регистарот на цени и закупнини за периодот од 1.7.2025 до 30.9.2025 година, кој го објави Агенцијата за катастар на недвижности.

Изразено во цена за квадратен метар стан, тоа изнесува неверојатни 189.231 денари, односно 3.075 за квадратен метар, што е истовремено највисоката цена за толкава површина постигната во третото тромесечје на годинава.

Општина Центар предничи по просечната цена од истргувани станови во овој период, со 95.139 денари за м2. Следува Карпош со 94,744 денари, па Аеродром со 78.567 денари, по што доаѓа Кисела Вода со 78.013 денари, па Охрид со 76.321 денари за квадратен метар.

За купување стан најатрактивна е општина Аеродром, каде во третото тромесечје на годинава се продадени 275 станови.

Во поглед на куќите, најмногу куќи се купиле во Битола – 71.