Станбената криза во Германија ќе продолжи уште долго

67

Расположението за изградба на германски станови е малку подобрено, но кризата ќе продолжи уште долго, е заклучокот од извештајот што го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Уделот на германските компании за изградба на станови кои се жалат на недостиг од продажба е над 50 отсто веќе девет месеци, пренесува Танјуг.

Кризата во станбената изградба ќе продолжи уште долго време, а компаниите сè уште не гледаат закрепнување, изјави шефот на истражувањето на ИФО, Клаус Волрабе.

Има малку позитивни вести, но една од нив секако е дека во Германија шест месеци по ред се намалува бројот на откажани нарачки.

Во октомври минатата година, 22,2 отсто од германските компании за изградба на станови пријавиле откажување на нарачките, додека сега овој процент е само 11,7 отсто.