Станбените кредити бележат раст од 14,9% на годишна основа

102

Во јуни, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст од 1,1%, соодветно, а на годишна основа се повисоки за 6,8% и 14,9%, соодветно, соопштија од Народна Банка.

Aвтомобилските кредити, овој месец, се намалија на месечна и годишна основа за 0,3% и 6,4%, соодветно.

Во јуни, кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечно зголемување од 0,7%, а на годишно ниво се пониски за 2,1%.

Негативните салда на тековните сметки остварија месечен и годишен раст од 0,6% и 1,5%, соодветно.

Кредитите одобрени врз други основи, овој месец, се намалија за 1,4% на месечна основа и за 35,8% на годишна основа, се додава во соопштението.