Standard & Poor’s го намали кредитниот рејтинг на ЕУ

23

spАгенцијата Standard & Poor’s го намали кредитниот рејтинг на Европската унија од најдобар кредитен статус  AAA на AA+. И покрај намалувањето на кредитниот рејтинг на Унијата, агенцијата оценува дека тој и понатаму е стабилен, што подразбира дека S&P нема да го менува во среднорочен период.

Падот на кредитниот рејтинг Агенцијата го објаснува со влошување на кредитоспособноста на 28 земји членки на Унијата.