Стапка од 1,57% на слободни работни места во последното тримесечје

32
Contemporary Room Workplace Office Supplies Concept

Стапката на слободни работни места, во последното тримесечје од минатата година, беше 1,57%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места од 4,13% има секторот Рударство и вадење на камен, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,06%.

Деловните субјекти со број на вработени од 50 до 249 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,89%.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,37%.

Најголем број слободни работни места, односно 2.044, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Фото: Freepik