Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 943.004 лица, од кои вработени се 795. 087, а 147.917 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 56.0, стапката на вработеност 47.2, додека стапката на невработеност изнесува 15.7%.