Стапката на невработеност во Британија продолжува да расте

ukФото: Pixabay

Стапката на невработеност во Велика Британија нагло се зголеми на крајот на 2017 година, пренесува Business Insider.

Според статистиката на Народната канцеларија на Британија, процентот на невработени се зголемил на 4,4%, а не се исклучува ниту ризикот и од намалување на платите на работниците.

За разлика од пазарот на труд, приходите на државата се зголемија за 2,5%, повеќе од очекувањата на економските аналитичари, но паралелно порасна и стапката на инфлација на 3%, што значително се зголеми по референдумот за независност.

И покрај прогнозите на економистите, англиската банка очекува стабилизација, економски раст и зголемување на платите од 3,1% во 2018 година.