Стапката на невработеност во ЕУ е 7,5%, а во еврозоната 8,3%

29

Стапката на невработеност во еврозоната во декември лани остана стабилна на ниво од 8,3% во споредба со претходниот месец, според сезонски прилагодените податоци, додека е значително зголемена во однос на декември 2019 година, кога изнесувала 7,4%, објави Eurostat.

На ниво на целата Унија, стапката на невработеност во декември беше 7,5%, што беше исто така непроменета во однос на ноември, но значително повисока во однос на декември 2019 година, кога беше на ниво од 6,5%.

Фото: Freepik