Стапката на невработеност во ЕУ во декември изнесуваше 5,9 отсто

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во декември изнесуваше 6,3 отсто во еврозоната и 5,9 отсто во Европската унија, покажаа податоците на Евростат.

Во двете категории има благ пораст на месечно ниво, бидејќи невработеноста во ноември изнесувала 6,2 отсто во еврозоната и 5,8 отсто во ЕУ.

Во однос на декември 2023 година, забележан е пад од 6,5 отсто во еврозоната и шест отсто во ЕУ.

Заводот за статистика на Европската унија проценува дека минатиот месец невработени биле 12,978 милиони луѓе во ЕУ, од кои 10,830 милиони во еврозоната. Тоа е за 96.000 повеќе во еврозоната и 94.000 во ЕУ отколку во ноември.

На годишна основа е забележан пад од 261.000 во еврозоната и 266.000 во Европската унија.

Што се однесува до младите, во Европската унија во референтниот месец имало 2,9 милиони невработени, од кои 2,3 милиони во еврозоната.