Стапката на невработеност во Словенија скокна 23% на годишно ниво

68

Во Словенија, стапката на невработеност падна за 1,4% на месечно ниво во август, додека скокна за 23,2% на годишно ниво.

На крајот на август, во словенечкиот завод за вработување имало вкупно 88.172 регистрирани невработени, што е за 1.225 лица или 1,4 % помалку отколку во јули.

Во споредба со август минатата година, бројот на регистрирани невработени е поголем за 16.628 лица или 23,2%, пренесува Seebiz.

Фото: Freepik