Стапката на невработеност во земјите на ОЕЦД во јули 4,8 отсто

32

Стапката на невработеност во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) остана на рекордно ниско ниво од 4,8 отсто во јули 13-ти месец по ред, објави во средата меѓународната групација.

Бројот на невработени се искачи на 32,9 милиони во јули, според организацијата со седиште во Париз, јавува Anadolu Agency.

Стапките на невработеност на ОЕЦД за жените и мажите беа општо стабилни на пет проценти и 4,6 проценти, соодветно.

Стапката на невработеност кај младите од 15 до 24 години во јули порасна на 10,5 отсто, од 10,3 отсто во јуни. Стапката на невработеност на помладите работници е зголемена во 14 земји на ОЕЦД, а најголем раст е забележан во Финска, Австрија, Данска, Израел, Мексико и Соединетите Американски Држави.

Во април стапката на невработеност во еврозоната остана на историски најниско ниво од 6,4 отсто.