Стара Фурна отвори нов погон во индустриската зона во Прилеп

16

thumbnail_img_0607

Прилепската компанија Стара фурна, минатиот викенд отвори нов производствен погон во индустриската зона Прилеп 1. Отворени се две посебни фурни, односно два објекта од 280 метри квадратни.

Приказната на Стара фурна почнува пред четири години, кога Владимир Апостолоски, еден од сопствениците, заедно со двајцата браќа и снаа, решава на местото на старата дедова фурна да направи нова и повторно да го разгори огнот. Старата фурна што работела од 1938 година ја реновираат од темел и во 2012 година почнуваат со производство на леб. Освен во Прилеп, лебот го носат и во Кавадарци, Велес, Охрид и Струга, а планираат да почнат со дистрибуција и во Гевгелија и Струмица.

img_0599

Лебот го произведуваат на стар начин, познат како косовски начин, со природно киснење на тестото и се пече на дрва. Сè се прави рачно, само месењето на тестото е во миксер.

Во плановите на Стара фурна е отворање на млечен ресторан за вработените во околните објекти во зоната, односно да почнат со производство и на лиснато тесто, на бели печива, друг асортиман на леб… Како новитет во работењето, Апостолоски најави до пролет во новиот објект околу 30-40 квадрати да стави под вршници, па да нудат и јадења под вршник, по нарачка.

img_0629

Стара фурна беше меѓу десетте македонски компании што ја добија Националната награда за најдобри брзорастечки фирми Газели. Компанијата е учесник во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од ЦЕЕД Македонија.

thumbnail_img_0722