Старбакс ги разочара инвеститорите со слабите квартални резултати

24

Синџирот кафетерии Старбакс забележа приход од 8,56 милијарди долари и прилагодена заработка по акција од 68 центи во периодот од јануари до март, што е втор фискален квартал на компанијата.

Аналитичарите на LSEG очекуваа повисоки квартални приходи од 9,13 милијарди долари и прилагодена заработка по акција од 79 центи, пренесува CNBC.

Компанијата забележа пад на продажбата од четири отсто на годишно ниво, а во Кина е забележан пад од дури 11 отсто.

Старбакс, исто така, ги намали своите прогнози за заработката и приходите во фискалната 2024 година, предвидувајќи дека неговите кафетерии ќе продолжат со слаби перформанси во следните неколку квартали.

„Во многу предизвикувачко опкружување, резултатите од овој квартал не ја одразуваат силата на нашиот бренд, нашите способности или можностите што претстојат“, рече извршниот директор на компанијата Лаксман Нарасимхан.

Тој изјави дека клиентите се повеќе бараат и повеќе размислуваат каде и како да ги трошат своите пари.

Финансискиот директор на Старбакс Рејчел Руџиери призна дека изминатиот квартал бил тежок за компанијата, но дека компанијата научила од грешките и верува во својата долгорочна визија која ќе донесе успех.