Старбакс ќе затвори кафуле во Сиетл поради безбедносни проблеми

82

Старбакс затвора кафуле во Сиетл, САД, каде што вработените неодамна основаа синдикат – а ова е градот каде што е основан светски познатиот синџир, jaви ДПА.

Кафулето ќе се затвори на 9 декември. Гласноговорникот на компанијата како мотив ги наведе „безбедносните проблеми“. Ова не е првото кафуле од синџирот што се затвора поради оваа причина. Но, синдикалците сметаат дека ваквата одлука е донесена како мерка за спротивставување на нивните дејности.

„’Старбакс’ и Хауард Шулц (главниот извршен директор на синџирот) си играат со животите на работниците. Тие не ги почитуваат не само правата на своите работници, туку ни законите на оваа земја“, се вели во соопштението на синдикатот „Старбакс – обединети работници“.

Ова е четврт угостителски објект од брендот што е затворен од јули досега, нагласува Синдикатот, додавајќи дека тие ќе поднесат тужба против компанијата.

Првиот синдикат на вработени во „Старбакс“, е основан декември 2021 година, во градот Бафало во американската сојузна држава Њујорк.

Инаку,Старбакс летово најави дека во САД трајно ќе затвори 16 локации поради безбедносни причини.

„По внимателно разгледување, затвораме некои продавници на локации каде што имало голем број инциденти поради што не е безбедно да се продолжи со работа“, изјави во јули портпаролот на Старбакс за CNN.

Локациите што ќе се затворат на крајот на јули се наоѓаат во Сиетл, Лос Анџелес, Филаделфија, Вашингтон и Портланд.

Работниците на тие локации, наводно, ќе бидат префрлени до најблиската локација на Старбакс.

Менаџментот на компанијата рече дека вистинската причина е „сè поголемата ментална здравствена криза, зголемената употреба на дрога и расизмот“ меѓу персоналот, судејќи според извештаите на вработените.