Кога тогашниот градоначалник на Подгорица, Иван Вуковиќ, во јули минатата година објави дека популарниот ланец на кафулиња Старбакс ќе отвори свој објект во Подгорица, тоа предизвика големи реакции во јавноста.
Како што беше кажано тогаш, Старбакс требаше да ја отвори својата кафетерија до крајот на 2022 година, како дел од инвестицијата од пет милиони евра.
Сепак, од тогаш до денес, јавноста е лишена од информации за тоа кога ќе можат да уживаат во пиењето на популарното кафе, кое е посебно по многу нешта.
Компанијата Зерен Холдинг, која го носи Старбакс во Црна Гора, соработува со сопствениците на познатата франшиза. Како што посочуваат, проектот активно продолжува, пренесув СЕЕБиз.
– Ние исто како и вие сакаме што поскоро овој проект да се реализира во Црна Гора. Проектот активно продолжува. Сите наши напори се насочени во оваа насока. Иако во моментов не се рекламираме многу, граѓаните на Црна Гора треба да знаат дека се прават максимални напори Старбакс да се отвори што е можно поскоро – изјавија од компанијата Зерен холдинг за порталот Колектив.ме.
Според претходните најави, отворањето на Старбакс треба да обезбеди 50 нови работни места.