
Во третиот квартал американскиот ланец на кафе Старбакс забележа раст на глобалната продажба од осум отсто. Приходите се зголемија за 11,4 отсто во однос на минатогодишниот трет квартал на рекордни 9,37 милијарди долари, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите од Волстрит.
Добивката беше 1,22 милијарди долари или 1,06 долари по акција, по 878,3 милиони долари во третиот квартал минатата година.
За целата финансиска година „Старбакс“ предвидува раст на профитот меѓу десет и 12 отсто во споредба со минатата година, а растот на приходите би требало да биде меѓу 15 и 20 отсто.
„Влегуваме во нова деловна година полна со макроекономски неизвесности, но остануваме убедени во понатамошен раст и на домашниот и на странските пазари“, изјави извршниот директор на Старбакс Лаксман Нарасимхан при објавувањето на деловните резултати.
Продажбата и профитот се зголемија бидејќи клиентите повторно беа подготвени да платат повеќе за пијалоци. Во Северна Америка, продажбата од третиот квартал од минатата година е зголемена за осум отсто, на други места во светот за пет отсто. Раст на продажбата од пет отсто е забележан и на кинескиот пазар, по падот од 16 отсто минатата година поради строгите мерки против коронавирус.