Starbucks доаѓа во Србија

19

До крајот на годинава, американскиот ланец на кафетерии Starbucks ќе го отвори свои локали низ Србија, од кои првиот ќе биде во Белград, пишува Biznisinfo.

Најголемиот оператор на ресторани во Европа, AmRest Holdings, најавувајќи ја својата инвестиција во Србија, објасни дека одлуката за првиот Starbucks кафе бар во Белград паднала од причина што овој град е познат по својата долгогодишна традиција на уживање во кафето и заслужува “уникатно Starbucks искуство”.

Компанијата AmRest својот прв локал на европско тло го отвори во 2008 година во Прага. Оттогаш се отворени околу 300 Starbucks локали во Полска, Германија, Чешка, Словачка, Унгаија, романија и Бугарија.

Фото: Pixabay