Starbucks ќе ги “смирува“ Кина и САД

27

Кинескиот претседател, Си Џинпинг испрати писмо до почесниот претседател на Starbucks, Хауард Шулс, во којшто ја “охрабрува“ американската компанија да одигра позитивна улога во економските и билатералните односи на двете земји.

Си навел дека Starbucks би можел да ја промовира кинеско – американската економска и трговска соработка, како и билатералните врски, пишува China Daily.

Писмото е упатено на шести јануари оваа година. Си на Шулц му испрати повратно писмо, одговарајќи на неговата честитка за “изградба на просперитетно општество под водство на Си“, во коешто Шулц искажа почитување за кинескиот народ и култура.

Во одговорот, кинескиот претседател наведува дека “под водство на Комунистичката партија на Кина, 1,4 милијарди Кинези направија долгорочни и макотрпни напори да изгради напредно општество во секој поглед, којшто тежнее кон социјалистичка модернизација“.

Си наведува дека тоа им овозможува на компании од целиот свет, меѓу кои е и Starbucks, како и други американски компании, да ја развиваат Кина.