Ланецот на кафетерии Starbucks во Велика Британија ќе ги користи еко – чашите Frugalpac, изум на претприемачот и инженер Мартин Маерскоф, коишто се целосно разградливи, пишува Guardian.
Овој потег е со цел да се намали отпадот од обичните хартиени чаши, коишто иако се од хартија во себе содржат пластика што тешко се разградува во околината.
Само во Велика Британија се користат 2,5 милијарди вакви чаши, од кои само 400 се рециклираат. Frugalpac чашата за разлика од останатите е изработена само од хартија што го олеснува процесот на рециклирање. Маерскоф е во преговори и со други кафетерии и супермаркети за користење на Frugalpac како нивна стандардна чаша.
Од Starbucks велат дека се заинтересирани да дознаат повеќе за овој еколошки производ и ќе го тестираат одредено време да проверат дали ќе ги исполни нивните стандарди за безбедност и квалитет.