Starbucks на чаши за повеќекратна употреба ќе заработи милиони

76

starbucksНајголемиот ланец кафетерии Starbucks, неодамна на американскиот пазар воведе програма за продажба на пластични чаши за кафе за повеќекратна употреба. Оној кој во кафетеријата ќе купи чаша со логото на компанијата (која чини еден долар), при секое носење на својата “долготрајна” чаша во било кое Starbucks кафуле, кафето ќе му биде 10 центи поевтино.

Со оваа програма, компанијата освен што собра поени кај потрошувачите што се грижат за заштита на животната средина, успеа да ја подигне продажбата и заработувачката. Според Форбс, благодарение на оваа програма која тукушто почна да се развива, Starbucks може да заработи милиони долари.

Дополнителен бонус е и бесплатната реклама, многу поефикасна отколку да се закупуваат билборди, проценуваат маркетиншките експерти. Со логото на чашите, Starbucks ќе биде присутен скоро во секој дом, канцеларија, кино или локација каде што ќе ја однесе сопственникот.