Starbucks на пролет го отвора првото кафуле во Србија

23

Фото: Pexels

Популарниот американски синџир на кафетерии, Starbucks на пролет го отвора првото кафуле во Србија, пишува Екапија.

“Бренд како што е Starbucks дефинитивно ќе го освежи нашиот пазар и горди сме што консулантската куќа за недвижнини CBS придонес за влез во Србија. Шопинг центарот Рајиќева е идеална локација за вака популарна кафетерија што кај нас ќе го донесе духот од светот“, вели Јелена Радуловиќ, регионален директор на консултантнската куќа за недвижнини, CBS, којашто посредува за влез на Starbucks на српскиот пазар.

Оттаму велат дека водат преговори и со други светски брендови за влез на тамошниот пазар.