Познатиот американски ланец на кафетерии ќе нуди попуст од 50 пени ако си донесете чаша од дома во којашто ќе ви биде послужено кафето, пишува Independent. Компанијата ќе стартува со оваа акција следниот месец и ќе продолжи со истата доколку се покаже како ефикасна.
Starbucks очекува дека овој пример ќе го следат и други кафетерии ширум светот. Одлуката доаѓа откако активистите за заштита на животната средина ги обвинија големите ланци на кафетерии дека лажирале податоци за бројот на чашите коишто ги рециклираат и дека не ги означувале правилно податоците за нивната разградливост.