Starbucks нуди попуст ако си донесете чаша од дома

29

4d087ee4a04ccd58_2611738444_8c5d9968f8_o.xxxlarge_2xПознатиот американски ланец на кафетерии ќе нуди попуст од 50 пени ако си донесете чаша од дома во којашто ќе ви биде послужено кафето, пишува Independent. Компанијата ќе стартува со оваа акција следниот месец и ќе продолжи со истата доколку се покаже како ефикасна.

Starbucks очекува дека овој пример ќе го следат и други кафетерии ширум светот. Одлуката доаѓа откако активистите за заштита на животната средина ги обвинија големите ланци на кафетерии дека лажирале податоци за бројот на чашите коишто ги рециклираат и дека не ги означувале правилно податоците за нивната разградливост.