Starbucks продава 83 продавници во Европа

31

Starbucks е во фаза на реконструкција на своето работење во Европа по регистрираниот пад на продажбата пишува Financial Post.

Најголемиот ланец на кафетерии во светот продава 83 продавници базирани во Франција, Холандија, Белгија и Луксембург на својот долгогодишен партнер, мексиканскиот бренд Alsea.

Alsea чиешто седиште е во Мексико Сити, веќе оперира со 900 Starbucks продавници во Мексико и Јужна Америка.

Starbucks исто така планира да ги затвори своите канцеларии во Амстердам и да го консолидира своето европско седиште во Лондон. Овој потег ќе влијае на 186 вработени кои ќе можат да аплицираат за работа во Лондон.