Starbucks воведе плата во случај на катастрофа

44

За најпознатиот синџир на кафетерии Starbucks епидемијата на корона вирусот е катастрофа. Компанијата на своите вработени им нуди платено отсуство кое се нарекува catastrophe pay, плата во случај на катастрофа.

Ова олеснување е наменето за вработените  кои мораат да се изолираат 14 дена доколку биле изложени на вирусот корона, имаат симптоми или треба да се грижат за најблиските.

“Никогаш не би требало да бирате помеѓу работата и грижата за себе“, напиша Росан Вилијамс, претседател на оваа американска компанија.

Starbucks одамна го нуди овој вид на исплата во случај на некои инциденти.

Преку овој бенефит компанијата им овозможува на високоризичните вработени да останат дома, како вработените повозрасни од 60 години, оние кои имаат здравствени потешкотии и трудници.

Фото:Pixabay