“Стари и нечисти“ патики на Gucci по цена од 870 долари

456

Фото: Gucci

Модниот бренд Gucci, инспириран од модата во 70-тите години од минатиот век, создаде патики што изгледаат старо и износено.

Овие патики, дел од колекцијата Cruise 2019, ги враќаа на сцена “старите школски облици и материјали“.

Изработени се од кожа и платно, на себе имаат Gucci трака и старинско лого, а чинат 870 долари.

Слична колекција на патики пред неколку години претстави италијанскиот луксузен бренд за чевли Golden Goose.