Авиокомпаниите, меѓу кои Air Canada и CBD Aviation, старите патнички авиони ќе ги претворат во товарни, очекувајќи поради пандемијата да се зголеми трговијата преку интернет, додека вредноста на старите авиони има остар пад на вредноста.
Трансформацијата на патничките во товарни авиони е задача на Singapore Technologies Engineering, Israel Aerospace Industries и Aeronautical Engineers. Во тој процес, привремено се отстрануваат седиштата за да може да се стави повеќе товар за транспортирање.
Компанијата за аналитика во авијацијата, Cirium очекува бројот на авиони со променета намена од патнички во товарни во 2021 година да се зголеми за 36%.
Пазарната вредност на 15-годишните авиони се намали од почетокот на годината за 20%, во зависност од моделите.
Авиоиндустријата проценува дека патничкиот промет ќе дојде на ниво од 2019-та година, дури за четири години.
Фото: Freepik