Старт – ап бизнисите во Лондон лани собраа 1,4 милијарди долари

39

startup-notepad

Британската престолнина забележа значителни бројки кога станува збор за собирање финансиски средства за поддршка на старт – ап бизниси. Податоците на Financial Times покажуваат дека во 2014 година се собрани двојно повеќе финансиски средства за старт – ап компании во однос на истиот период лани.

Старт – ап компаниите во Лондон минатата година добија 1,4 милијарди долари, што е за 20 пати повеќе во однос на износот од пред четири години. Податоците, сепак, говорот дека Лондон не е најимпресивен град за инвестиции, бидејќи старт – ап бизнисите во Силиконската долина добија над 22 милијарди долари во 2014 година, а Њујорк успеа да инвестира 1,7 милијарди долари, само во третиот квартал од 2014 година, во нови бизнис идеи.

Во Лондон се сконцентрирани најголем дел од собраните средства за инвестирање во старт – ап бизнис во Велика Британија – 65%.