Старт-ап ко-основан од Романка стана “еднорог“ со вредност од една милијарда долари

71

Branch, старт-ап од САД којшто е ко-основан од Романка стана “еднорог“ откако достигна вредност од 1 милијарда долари, заклучно со последната инвестиција од 129 милиони долари, пишува Romania Insider.

Branch им помага на брендовите да создадат врски помеѓу веб страните и мобилните апликации со коишто се зголемува бројот на конверзии, ангажманот и задржувањето на корисниците. Компанијата којашто започна со работа пред четири години, поддржува 40.000 апликации, коишто ги користат околу 3 милијарди корисници месечно, вклучувајќи ги Airbnb, Amazon, Bing, Pinterest, Reddit, Slack, Tinder и други.

Ко-основачот на Branch Романката Мадалина Сегет, која живее во САД 17 години е исто така и маркетинг директор на компанијата. Дипломирала компјутерско инженерство на универзитетот Корнел во Њујорк и има мастер диплома за дизајн од Стенфорд.

Другите основачи се Алекс Остин, кој е извршен директор на Branch, Мајк Молин, главен за оперативниот дел и Дмитри Гаскин кој раководи со одделот иннженерство.

Фото: Branch