Старт-ап од Ниш продаден за 165 милиони долари

21

Српско-американската компанија Frame којшто пред шест години започна како мал старт-ап основан од тројца жители на Ниш, се продаде за 165 милиони долари, пишува Bizlife.

Купецот е Nutanix, софтверска компанија од САД со вредност од 9 милијарди долари, а ова е досега највисока аквизиција за еден старт-ап позната за јавноста во Србија.

Frame за прв беше претставен во 2013 година, а за кратко повеќе од 100.000 луѓе започнаа да го користат нејзиниот облак сервис. Помеѓу клиентите за брзо време се појавија и познатите компании од Fortune 30.

Во 2017 година Frame доби 16 милиони долари од финансирање, а помеѓу инвеститорите се најде и Microsoft Ventures.

Фото: Frame